Медиумите да се регистрираат во ДИК доколку имаат платено политичко рекламирање

АВМУ. / Фото: Архива на Слободен печат

Барањата, додаваат се поднесуваат на електронската адреса: [email protected], а се во согласност со Законот за изменување и дополнување на Изборниот закони што викендов го донесе Собранието, непосредно пред донесување на одлуката за распишување на изборите.

Сите медиуми – радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање (ППР) за предвремените парламентарни избори на 12 април се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 24 часот на 19 февруари, за што треба да поднесат барање за упис, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар не постара од 30 дена, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ.

Барањата, додаваат се поднесуваат на електронската адреса: [email protected], а се во согласност со Законот за изменување и дополнување на Изборниот закони што викендов го донесе Собранието, непосредно пред донесување на одлуката за распишување на изборите.

-Медиумите што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за ППР, обезбедени од Буџетот на државата. Медиумите, исто така, се должни најдоцна до 21 февруари да утврдат ценовници за ППР и да ги достават до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, прецизираат од АВМУ.

Ценовниците, посочуваат, не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес, а цените не смеат да ја надминуваат просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси.

-Просечно постигнатата цена и најниската цена за ППР кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) во последните пет изборни циклуси ги утврдува Државната изборна комисија и тие ќе бидат објавени на нејзината веб страница. Агенцијата ќе објавува соопштенија со потсетувања за обврските во различните фази од изборниот процес. Повеќе информации поврзани со изборното медиумско претставување се достапни на веб страницата www.avmu.mk во банерот Избори 2020, додаваат од АВМУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот