Медисон од 25 метри го „разнесе“ Тотенхем! (ВИДЕО)
Европскиот вицешампион повторно ги разочара своите фанови, претрпеа нов пораз, не ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај поранешниот премиерлигашки првак, Лестер сити.
Тотенхем после првото полувреме имаше позитива (0:1) благодарение на својот најдобар стрелец Кејн кој стрелаше во 29 минута од средбата на „Кинг пауер“ стадионот во Лестер.
Домаќините успеаја да направат пресврт благодарение на Переира кој израмни во 69 минута, а на пет минути до крајот регуларните 90 во второто полувреме Медисон им донесе голема радост на своите навивачи.
На табелата популарните „лисици“ се на второто место со 11 бодови, Тотенхем после вториот пораз е на петтата позиција со осум.
Денеска од 16.00 часот се играат три средби Барнли-Норич, Евертон-Шефилд јунајтед и Манчестер сити-Ватфорд, а од 18.30 часот силите ќе ги одмерат Њукасл-Брајтон.