Mедицинско лице од Хонг Конг – прв обвинет со новиот закон за национална безбедност

epa08413119 Police cordons off an area at the start of a pro-independence march in Hong Kong, China, 10 May 2020. A heavy police presence in Tsim Sha Tsui thwarted plans for a pro-independence march, but several ?sing with you? protests popped up at several malls across Hong Kong. EPA-EFE/JEROME FAVRE

Новиот закон за национална безбедност стапи во сила во Хонг Конг на 1 јули, на 23-годишнината од британското предавање на Хонг Конг на Кина во 1997 година.

Човек кој носеше транспарент на кој пишуваше „Ослободете го Хонг Конг” и се втурна со својот мотор во полиција за време на антивладините протести во средата е првото лице обвинето за поттикнување сепаратизам и тероризам според новиот закон за национална безбедност на таа полуавтономна кинеска територија.

На видеото објавено на интернет се гледа 23-годишниот Тонг Јунг-кит соборува неколку полицајци во тесна улица со мотор, по што паѓа од неговиот мотор, а потоа е уапсен.

Полицијата соопшти дека некои од полицајците биле повредени, а Тонг, кој е медицинско лице е хоспитализиран.

Тонг беше обвинет за помалку од 24 часа откако владата на Хонг Конг објави дека транспарентот  „Ослободете го Хонг Конг – револуција на нашето време” содржел сепсаристичка или субверзивна конотација според новиот закон.

Новиот закон за национална безбедност стапи во сила во Хонг Конг на 1 јули, на 23-годишнината од британското предавање на Хонг Конг на Кина во 1997 година.

Законот го криминализира отцепувањето, субверзијата, тероризмот и договори со странски сили, а лицата осудени за такви кривични дела можат да бидат осудени на доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот