Медицинските сестри во Вухан ги стрижат своите глави за да се заштитат од коронавирусот (ВИДЕО)

Како што велат, косата им пречи додека ја вршат својата работа, а стравуваат и евентуално да не се заразат преку косата.

Коронавирусот продолжува да го привлекува вниманието на светските медиуми. Смртоносниот вирус однесе најмалку 1.369 животи, а преку 60.000 луѓе се заразени.

Како што се претпоставува, ширењето на вирусот започна од кинескиот град Вухан, а властите во ваат земја на сите начин се обидуваат да го спречат ширењето на заразата, како и да им помогнат на инфицираните луѓе. Во рамки на тие мерки, Вухан, кој брои 11 милиони жители, ставен е под карантин. Дури и експресно беа изградени две болници чија намена е ислучиво згрижување на пациенти кои се заболени од вирусот.

Медицинските работници во Вухан работат деноноќно во борбата против оваа зараза, а на социјалните мрежи се рашири снимка како се шишаат поради коронавирусот. Како што велат, косата им пречи додека ја вршат својата работа, а стравуваат и евентуално да не се заразат преку косата.

Wuhan nurses cut hair to fight coronavirus

These Wuhan medical workers cut their hair short to fight the coronavirus. Many said their long hair hindered work and raised the risk of cross-contamination.

Publiée par South China Morning Post sur Mercredi 12 février 2020

Кинеските градови започнаа да се борат против ширењето на коронавирусот на нови начини, а меѓу нив е и дезинфекцијата на градовите. Новинската агенција „Синхуа“ објави видео-снимка на својот Твитер профил кадешто може да се забележат десетина камиони кои во градот Лоујанг распрскуваат спреј за дезинфекција и на тој начин помагаат да се спречи ширењето на вирусот.

Се појавија и информации дека некои фирми ги дезинфицираат и самите вработени при влезот на работа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот