Медицинскиот центар во Хјустон е преполн: Дури 97 отсто од 1.330 кревети за интензивна нега се зафатени

Фото: EPA-EFE/ESTEBAN BIBA

Дури 97 отсто од 1.330 кревети за интензивна нега во Медицинскиот центар во Хјустон, Тексас се зафатени со пациенти, објавија локалните власти.

Хјустон е епицентарот на ширењето на новиот коронавирус во Тексас. Државата објави рекорден број случаи на заразени од коронавирус во последните 24 часа, соопшти државниот оддел за здравство. До синоќа според медицинскиот комплекс, биле зафатени 1.298 кревети на интензивна нега. До крајот на денот се чекува целосно да бидат зафатени тие кревети, јавија локалните медиуми.

– Во Хјустон во средата се регистрирани повеќе од 987 нови инфекции, изјави градоначалникот Силвестер Тарнер. Тој истакна дека 91 отсто од новите инфекции потекнуваат од тестови спроведени помеѓу 14 и 22 јуни.

Тексас има пријавено над 125.000 заразени и речиси 2.300 смртни случаи, според државниот оддел за здравство.

Тарнер објави дека Хјустон бара од ФЕМА да ја продолжи својата заложба за тестирање во градот и надвор од 30 јуни. Агенцијата моментно работи во две места за тестирање во градот.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот ги повика жителите на таа американска држава да останат дома во обид да се спречи „неконтролираното” ширење на вирусот.

Сепак, 70 отсто од зафатените кревети на ИЦИ во Медицинскиот центар во Тексас во моментот се за пациенти кои не се заболени од коронавирусот, додека 27 отсто се за луѓе кои се тестирани позитивни за Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот