Mедицински сестри на протест пред Белата куќа: Не можеме да ги заштитиме пациентите! (ВИДЕО)
Медицинските сестри од Националното здружение на медицински сестри протестираа пред Белата куќа и бараат од гувернерите на државите и сојузната влада заштитна опрема за сите медицински работници.
-Бараме веднаш да ја набавите потребната заштитна опрема за медицинските сестри, лекари и сите здравствени работници кои се на првата борбена линија од пандемијата. Ако не не заштитите, ние не можеме да ги заштитиме нашите пациенти- рече една сестра од здружението пред Белата куќа.
Бројот на смртни случаи на медицински лица е поголем отколку што се прикажува
На протестот беа прикажани фотографии од колеги кои починале од коронавирус. Досега во Америка се пријавени најмалку 30 смртни случаи од коронавирус на медицински лица, но ЦДЦ предупредува дека вкупниот број е многу поголем.
Проблемот со заштитната опрема за здравствените работници во САД сè уште не е решен и покрај апелите од почетокот на пандемијата. Здружението на медицински сестри Јунајтед е најголемото здружение на медицински сестри во Америка и брои над 150.000 членови.