Медицински сестри им ставаат ракавици со топла вода на пациенти болни од ковид-19 со цел да имитираат човечки допир

twitter

Пандемијата на коронавирусите влијаеше на целиот свет подеднакво. Додека ефектот на вирусот врз човечкото тело може да биде смртоносен, проблемите со менталното здравје и другите социјални ефекти се исто така сериозна закана за пациентите.

Бидејќи коронавирусот е толку заразен, процесот на опоравување од него вклучува целосна физичка изолација што дополнително им го отежнува животот на пациентите.

Во обид да утешат еден пациент заразен со ковид-19, медицинските сестри дошле до идеја да имитираат „човечки допир“. Овој изум на бразилските медицински сестри е составен од две ракавици за еднократна употреба наполнети со топла вода и врзани една со друга.

Новинарот Садик Бхат од „Gulf News“ ја објави фотографијата на „Твитер“ нарекувајќи ја идејата -„Раката на Бога“. Тој исто така ги поздрави работниците од првата линија кои се под постојан ризик за време на оваа битка против коронавирусот и додаде дека ова е само потсетник на „мрачната“ ситуација.

Фотографијата веќе има над 8.200 лајкови и над 1,800 ретвитови. Во својата реакција на твитот, многу корисници ги пофалија медицинските сестри за оваа благородна идеја.

Пандемијата на коронавирусите повторно зима замав во Бразил, а земјата неодамна објави дека се соочуваат со 4000 смртни случаи на ден, за прв пат во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот