Медицински персонал од Институтот за јавно здравје е на располагање за тетовско

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски потенцираше дека помош за Тетово ќе има и доколку се јави потреба за зголемена бројка на болничко лекување на пациенти.

Лекари специјалисти од Институтот за јавно здравје и од други државни здравствени установи ќе бидат на располагање на тетовските институции од областа на здравството.

Ова е договорено на денешниот состанок на градоначалничката Теута Арифи со претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски, директорот на Институтот Шабан Мемети и директорот на Клиничката болница во Тетово Флорин Бесими.

– На денешниот состанок уште еднаш потврдивме дека општина Тетово успешно ги спроведува мерките за заштита од коронавирусот и прави напори да им укаже и на граѓаните да ги почитуваат здравствените и владините мерки. Денеска уште еднаш ни беше потврдена поддршката во справувањето со коронавирусот од страна на Институтот за јавно здравје со ставање на располагање на еден инфектолог за подрачјето на општина Тетово, како и со зајакнување на здравствените служби во Тетово со дополнително испраќање на здравствен персонал како пулмолози, интернисти и слично, доколку во иднина има потреба од тоа, истакна градоначалничката Арифи.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски потенцираше дека помош за Тетово ќе има и доколку се јави потреба за зголемена бројка на болничко лекување на пациенти.

– Споделивме актуелни новости околу состојбата, како и за рестрикцијата во движење во насока да се даде придонес за зајакнување на капацитетите на болницата, капацитетите на превентивниот сектор и дадеме скромен придонес во перспектива за нови мерки. Разговаравме за зголемување на капацитетите на регионот Полог доколку има има потреба од дополнителна хоспитализација на пациенти со Ковид-19, рече Караџовски.

Во Тетовскиот регион денеска се бележи едно починато лице од коронавирус на Инфективната клиника во Скопј,е додека нови заболени нема. Починатата е 62 годишна жена од селото Челопек, со што вкупно четири лица од тетовско се водат како починати поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот