Медицинската сестра која ги покажа модриците од маската, избрана за личност на годината на фестивалот во Венеција

Алесија Бонари, медицинската сестра која за време на пандемијата на коронавирусот прва јавно на својот инстаграм-профил ги покажа лузните од маската што ја носела во ковид-одделението во болницата во Милано, стана личност на годината.

22-годишната медицинска сестра, симбол на борбата против коронавирусот, ова признание го доби во текот на траењето на Филмскиот фестивалот во Венеција.

Profimedia

„Ѝ благодарам на Венеција на вниманието и љубовта што ми ја пружи, но повеќе од сѐ ѝ благодарам на мојата Италија“, напиша Алесија на Инстаграм во опис на фотографијата на која позира на црвениот тепих.

На 9 март таа ги покажа модриците кои на нејзиното лице ги оставила маската што ја носела секојдневно во „смените без крај“.

Instagram

„Ве молам, направете сѐ што е до вас. Во овој момент се соочувам со оваа страшна здравствена ситуација која ме плаши. Не се плашам да одам до самопослуга, се плашам да одам на работа. Се плашам зашто маската можеби не се потпира добро на лицето или можеби случајно ќе се допрам со валкани ракавици или вирусот едноставно некако може да се провлече. Многу сум физички уморна бидејќи сите овие заштитни средства пречат и предизвикуваат болки, во мантилите кои со часови не можеме да ги соблечеме се потиме, а кога еднаш ќе се облечеме, со часови не можеме да се соблечеме, да одиме во тоалерт, да се напиеме вода, минимум шест часа. Уморна сум и психички, како и сите мои колеги кои веќе со недели работат во вакви услови, ама тоа не нѐ спречува да ја вршиме нашата работа како што секогаш сме ја вршеле. Јас ќе продолжам да лекувам и да се грижам за моите пациенти бидејќи сум горда и вљубена во мојата работа.“, напиша тогаш Алесија.

Instagram

Алесија од Венеција веднаш се вратила на работа во болницата, но никој нема да ја заборави нејзината фотографија со модриците која доби еден милион лајкови, како и нејзината насмевка на црвениот тепих во Венеција, каде што го претставуваше лицето на сите медицински сестри кои неуморно се борат против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот