Медицинска сестра од Ортопедија барала мито, обвинета за примање награда

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание” од член 359 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување мерки на претпазливост за обвинетата, односно забрана за напуштање на домот и за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​​

Како што се наведува во соопштението од ЈО, обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28 септември 2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ, од син на пациентка која требало да се оперира, побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата.

– Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката. Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот