Иако се најизложени на вирусот во овие тешки времиња, на медицинските работници сигурно им е потребен одреден издувен вентил за да се ослободат од стресот додека трае пандемијата,
Свој начин како да се опушти пронајде и 26-годишната медицинска сестра од Чиле, Дамарис Силва која после работата на своите колеги и на пациентите им свири виолина.
Таа на овој гудачки инструмент му свири некои од најубавите латиноамерикански песни со што барем на момент им внесува мир и спокој во ковид амбулантата во Сантијаго.
Силва со својата виолина шета низ ходниците и на тој начин ги поздравува болните кои и возвраќаат со аплаузи и насмевка на лицето.