Медицинска сестра им свири на виолина на пациентите заболени со коронавирус (ВИДЕО)

принтскрин

Медицинската сестра Дамарис Силва (26) од Сантијаго, Чиле, по тешката смена, шета по ходниците со својата виолина и им свири познати латиноамерикански песни на пациентите во ковид-болницата.

Со својата виолина, оваа млада медицинска сестра шета низ ходникот и така ги поздравува пациентите, a оние што можат, ѝ возвраќаат со аплауз и со насмевки.

Болницата каде што работи се наоѓа во сиромашниот дел на Сантијаго, во населбата Ла Пинтана.

– Мојата цел е да им дадам на овие луѓе малку љубов и надеж, со звуците на мојата виолина. Тоа го правам од срце – изјави Силва за „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот