Медицинска опрема за Детската болница од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта

Медицинска опрема на Детската болница за следење на виталните функции  на младите пациенти беше донирана денеска од амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во Македонија, Франческо Саверио Џуисти.

Церемонијата за донацијата на медицинската опрема се одржа во канцеларијата на директорката на болницата Катерина Ставриќ, се наведува во соопштението на Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта.

Донацијата е по иницијатива на полковникот Џузепе Монталто, кој се погрижи ваквата иницијатива да се финализира  во активна соработка  со организацијата ANGLAT Bari Section   и  здружението „Fabula vitae”, се додава во соопштението.

Според стогодишната традиција на Редот на Малта во корист на сиромашните и лицата со посебни потреби, Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Скопје најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи во иднина, со цел да се помогне и послужи на најзагрозените лица во земјата.

-Оваа донација претставува конкретен и значаен гест на доброворни цели и солидарност, чија цел е подршка на младите генерации на македонскиот народ кои ја претставуваат идниината на оваа земја, се нагласува во сооштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот