Медицинска сестра од Америка одбила да се вакцинира, па починала од Ковид-19

Медицинската сестра, Натали Рајс / Фото: Принтскрин

Натали Рајс, медицинска сестра во американската држава Ајдахо, одби да се вакцинира против ковид. Иако нејзината мајка лежеше во болница поради ковид, таа на своето семејство му велеше да не се вакцинира. На крајот, таа самата стана жртва на ковид, пишува Си-Ен-Ен.

Рајс беше обучена медицинска сестра и работеше во оваа професија пред да одлучи да ја напушти својата работа за да се посвети на грижата за своите близнаци со посебни потреби. Но, нејзината обука и образование, рече нејзиниот брат, не ја спречи да подлегне на теории на заговор околу вакцините што се шират на социјалните медиуми.

Таа ја одби вакцината и покрај наглиот пораст на бројот на заразени во нејзиниот град. Додека нејзината мајка лежеше во болнички кревет во кома поради ковид и се бореше за живот, Рајс го советуваше своето семејство да не се вакцинира.

„Ми рече да не се вакцинирам. Мислам дека подлегна на дезинформациите со кои наиде на социјалните мрежи, од блогери и јутјубери”, изјави нејзиниот брат Дерил Рајс за Си -Ен -Ен.

Неговата сестра сметаше дека не се спроведени потребните студии за вакцините, додаде тој.

Си-Ен-Ен наведува дека сите одобрени вакцини биле подложени на бројни научни студии и биле тестирани на илјадници луѓе. Вакцините се примени од милиони луѓе откако регулаторите ширум светот ја одобрија нивната употреба токму поради гореспоменатите студии

Извор: Си-Ен-Ен

Видео на денот