Меџити до Петковски: Ако за себе не научи од лекцијата од 99та, барем поштеди ги твоите коалициони партнери од истата грешка

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, преку Фејсбук му одговори на Тито Петковски за ставот дека ДУИ сака да го делегимитира Заев.

Тито Петковски: ДУИ сака да го делегимитира Заев

-Тито,

На претседателските избори во 1999 година изјави дека немаш потреба од гласовите на Албанците. Во првиот круг имаше предност од 123.000 гласови над починатиот Трајковски, но по твојата изјава, на вториот круг изгуби со 60.000 гласови разлика од Борис Трајковски.

Ако за себе не научи од лекцијата од 99та, барем поштеди ги твоите коалициони партнери од истата грешка.

ДУИ е политичка академија со легитимни, аргументирани и издржливи барања.

Ако ти имаш проблем со меморијата и ги забораваш политичките настани од минатото, сакам да те потсетам дека токму ти во 2006 му заврте грб на СДСМ и ги прати во опозиција, поддржувајки го ВМРО и ДПА, со што му го трасираше патот на Груевски, и ја прегази вољата на албанските гласачи. Останатото е историја, напиша Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот