Меџити: Ајде да прецизираме дали присуството на седници може да биде само физичко или и онлајн

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити денеска изјави дека на парламентарните партии од опозицијата им е оставено време да размислат за нивниот предлог за измени во Деловникот што би се однесувале на прецизирање на тоа што значи присуство на пратениците на собраниските седници.

– Во Деловникот стои присуство. Сакаме тоа да го прецизираме дека присуство може да е физичко или пак онлајн. Да не ги измачуваме тие што се пациенти во моментот и да ризикуваме. Не сакаме да дојдеме во ситуација да блокираме битни процеси, изјави Меџити по координацијата со претседателот на Собранието.

На координацијата уште еднаш се отворила дебата околу начинот како Собранието ќе излезе од оваа ситуација, предизвикана од ковид-19, рече пратеникот на ДУИ, имајќи предвид дека веќе тројца пратеници се позитивни.

– Утре може да бидат и поголем број. Да не дојдеме до блокада на сите процеси и даваме време на опозицијата да рефлектира и да не биде кочница за носење на битни одлуки и процеси во Собранието, како што е ребалансот на Буџетот и сите други важни работи што можат уште повеќе да ја загрозат ситуацијата во државата. Затоа сакаме како владејачки партии да одиме на прецизирање, не се работи за некоја голема промена. Само да прецизирање што сфаќаме под зборот присуство, дали физичко или и онлајн, рече Меџити.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ рече дека опозицијата би требало да разгледа компаративни анализи како е во регионот и во светот во ваква ситуација со ковид-19, потсетувајќи дека Владата веќе работи на онлајн седници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот