Меџик Џонсон: Кога сите се плашеа да се ракуваат со мене, Штерн ме внесе во Дрим-тимот

твитер

Поранешниот комесар на НБА лигата, Дејвид Штерн, почина на 77-годишна возраст на првиот ден од новата година. Штерн беше комесар на НБА од 1984 па се 2014 година и се направи вистинска револуција во најквалитетната кошаркарска лига.

Штерн во 1984 година го наследи легендарниот Лери О‘Браен, човекот по кој денеска се нарекува трофејот кој го добива шампионот во НБА, и е најзаслужен што бројката на екипи од 23 се зголеми на 30 и ја направи НБА глобален бренд.

Во чест на Штерн, НБА одлучи сите екипи до крајот на сезоната да играат со црна лента на дресовите.

Освен клубовите со легендарниот комесар на НБА се простуваат и голем број на НБА ѕвезди, а најемотивната порака ја упати Ирвин Меџик Џонсон. Тој се потсети дека кога беше во зенитот на кариерата откри дека и ХИВ позитивен по што веднаш наиде на предрасудите во НБА.

„ Дејвид Штерн беше човек кој креираше историја во НБА. Кога кон крајот на 1991 година објавив дека имам ХИВ, луѓето мислеа дека ќе се заразат доколку се ракуваат со мене. Сепак, Дејвид ме повика на Ол стар натпреварот и ме повика во Дрим тим репрезентацијата на Олимписките игри наредната година. Заедно го менувавме светот“ напиша Меџик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот