Медени колачиња (РЕЦЕПТ)

Состојки:

140 грама несолен путер

200 грама брашно

70 грама кафеав шеќер

1 јајце

1 лажичка цимет

1 лажичка ѓумбир

1 лажичка мелено каранфилче

2 до 3 лажици мед (по желба)

Подготовка:

Во длабок сад се става брашното, кафеавиот шеќер, циметот, ѓумбирот и меленото каранфилче. Се меша смесата, а потоа се додава путерот и јајцето. Се мати со миксер и се замесува тесто. Тестото се витка во најлонска фолија и се става во фрижидер да отстои најмалку 30 минути.

Откако ќе се извади тестото од фрижидер се става на наросена со брашно работна површина и се сука за да се добие тесто со дебелина од 3 до 5 см. Со помош на модли или чаша се отсекуваат прачиња, кекси, кои се редат во тава, на која претходно се става хартија за печење.

Колачињата се ставаат во претходно загреана рерна и се печат на 180 степени од 8 до 10 минути.

Се декорираат по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот