„Медена земја“ вечерва не доби Оскар, но Македонија е повеќе од горда на силната порака која медената екипа ја испрати!

Во тек е 92. издание на доделувањето на оскарите, а нашата медена екипа досега беше во трка за два оскари – за Најдобар документарен филм и Најдобар интернационален филм.

Во категоријата Најдобар документарен филм оскарот падна кај американскиот документарец „American Factory“ (Американска фабрика).

Во категоријата Најдобар интернационален филм оскарот го доби корејскиот филм „Parasite“ (Паразит).

Со самите две номинации за Оскар, нашата „Медена земја“ испиша нова историја во македонската кинематографија, а и во оскаровската, бидејќи никогаш досега документарен филм не бил номиниран и во категоријата Најдобар интернационален филм. Најважно од се, е фактот што „Медена земја“ испрати многу силна порака во светот, како и тоа што собра еден тон престижни награди и критики од многу релевантни личности во светската кинематографија, а сето ова нè направи толку многу горди и среќни што во нашите очи тие веќе се победници, со Оскар или без. 

Екипата на Медена земја на подготвена за Оскарите / Фото: Фејсбук

Честитки медена екипо и Ви благодариме што нè направивте толку горди! 

Екипата на „Медена земја“ на црвениот  килим / Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот