Медена земја на трутови

Додека многумина од нас, со сите четири копита во вис, го живеат лудилото на лична блаженост, болниот циничен раскош, пркосат со поганствата на лагата, измамите, криминалите, тука, крај нас, се одвива и еден паралелен живот. Оној на Атиџе, од болка, јад, глад, ама сит. Блика од добрина, од хуманост, од благородништво. Горчлив живот во медената земја на трутови. Уште една филмска слика, длабоко проникната во понорите на егоистичноста на нашата ментална дефектност. Филмска слика за нашата душевна Герника.

Ни пречи амбиентот во кој се одвива животот на хероината од „Медена земја“. Удираме глава од ѕид, пред светот ќе сме биле засрамени. А хорорните слики за нашиот егоизам и примитивизам со сите бои и нијанси, токму такви, за жал, одамна се неизбришливо врамени.

Атиџе, со екипата филмаџии, се обидува да ги урне ѕидовите од нашите „Потемкинови кулиси“, зад кои се одвива таа животна трагедија, верувајќи дека со средствата на менталната козметика, ќе го затскриваме колективниот срам.

Нашата Атиџе настојува да прозрачи со сиот спектар човечки благородни својства, што ние сè помалку ги имаме. Да ни прикачи особини на исконска добрина што исчезнува, а беше наша препознатлива карактерна црта.

„Медена земја“ ќе е еликсир за наше отрезнување. Да ѝ погледнеме во очи на човечката апсурдност. На апатијата, на суровоста, на обездушеноста, на мртвилото што завладеало со нашите сетила, та одамна престанаа да ги примаат сигналите на туѓиот лелек.

Додека многумина од нас, со сите четири копита во вис, го живеат лудилото на лична блаженост, болниот циничен раскош, пркосат со поганствата на лагата, измамите, криминалите, тука, крај нас, се одвива и еден паралелен живот. Оној на Атиџе, од болка, јад, глад, ама сит. Блика од добрина, од хуманост, од благородништво. Горчлив живот во медената земја на трутови. Уште една филмска слика, длабоко проникната во понорите на егоистичноста на нашата ментална дефектност. Филмска слика за нашата душевна Герника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот