„Медена земја“ ја освои Наградата на публиката

Сараево – „Срцето на Сараево“ на изненадување на сите му припадна на босанскиот филм „Одведи ме на некое убаво место“ на режисерката Ена Сендијаревиќ. Ова деби на младата Ена е направено во копродукција со Холандија, каде што таа живее, а и нејзината приказна го следи патувањето на Алма од Холандија во Босна за да го посети својот татко, кого никогаш не го видела.

Одлуката на жирито, кое го преводеше шведскиот режисер Рубен Ослунд, беше навистина неочекувана, бидејќи станува збор за еден буквално тинејџерски филм, кој доби доста лоши критики и сосема со право. Сендијаревиќ прави една лична, интимна приказна, полна со измислени ситуации, неприродни, изнасилени, но за жал, и незаокружени идеи, сосем неиздржани, сакајќи да ја долови неприлагоденоста и отуѓеноста на нејзината хероина, која во Босна наидува на многу пречки и несфатеност, но повеќе во нејзината фантазија отколку во реалноста. Всушност, филмот воопшто и не делува уверливо, ниту логично, ниту пак го држи вниманието, па на новинарската проекција многу од присутните ја напуштија салата.

Но, за жал годинава тоа и не беше единствена таква одлука. Изненадување донесе и Наградата за режија, особено што имаше многу подобри филмови и тоа мајсторски режирани. Наградата отиде кај турскиот режисер Емин Алпер за филмот „Приказна за три сестри“, кој пред седум години исто така триумфираше во Сараево, но со далеку подобриот филм „Зад ридот“. „Приказна за три сестри“ е тажна рурална приказна за судбината на трите сестри кои живеат со нивниот татко во планините на централна Анатолија. Сите три сестри се вратени од семејствата во кои работеле од различни причини, а фокусот е ставен на безнадежноста на животот во тоа село, преполно со стравови и суеверје.

Прочитајте и...  Францускиот суд побара нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре

Но филмот е далеку од добар, предолг е без потреба, премногу нагласува и преповторува некои работи, а сепак навестувањата кои ги дава воопшто не ги ни довршува, па дури ни како назнака или алузија. Така што останува недовршен и нејасен, односно како да не бил сигурен точно во која насока понекогаш работите да ги води, па затоа и не допира на замислениот начин до публиката. А како што е недефиниран во приказната и карактерите, исто останува недефиниран и во режисерскиот приод.

Единствено со што би се согласиле се наградите за улогите, кои им припаднаа на Ирина Јамбонас за улогата во бугарскиот филм „Во круг“ и на Леван Гелбакијани за грузиското остварување „И тогаш игравме“. „Во круг“ на Стефан Командарев, кој се смета за продолжение на неговиот одличен филм „Насоки“, исто така успева повторно на извонреден начин да ја долови реалноста во бугарската метропола и многу точно и прецизно да ги исцрта карактерите и да долови ситуации, кои на неверојатен начин зборуваат за онаа транзициска реалност која веќе 30 години ја живееме, а во што Ирина Јамбонас се издвојува со својата зрела и силно доживеана улога.

Прочитајте и...  Економијата на Франција на пат кон силно опоравување

Додека, грузискиот филм „И тогаш игравме“ на Леван Акин, дефинитивно, беше еден од најдобрите филмови во главната програма на фестивалот. Направен со такво темпо, жестина, идеја, заокружени карактери, слоевитост и такви детали во една навистина многу тешка приказна, но каде што успева низ кореографијата да ја долови целата драма која е поместена на многу нивоа. Во сето тоа Леван Гелбакијани има многу важно место место, бидејќи со својата игра и неверојатна соживеаност успева да го води целиот филм и никого да не го остави рамнодушен. Филмот носи една таква животна борба, која е неверојатно инспиративна и, дефинитивно, универзална, терајќи ве во секоја ситуација да пронајдете и дел од себе.

Македонскиот филм „Медена земја“ ја освои наградата на публиката и она што е најинтересно, е дека цело време, уште од самиот почеток, бидејќи со нашиот филм и се отвори годинешната Документарна програма, водеше на листата според гласовите на публиката. „Медена земја“ ги освои срцата на луѓето, како што впрочем беше и секаде и тоа е најважно, а најважно е и дека овде многу се зборува за филмот на Тамара Котевска и Љубо Стефанов. Во Сараево да го претстават филмот беа и главната протагонистка, шармантната Атиџе, како и снимателот Самир Љума. Наградите во оваа програма ги освоија азербејџанскиот филм „Кога растеа јапонски јаболки“ на Хилал Бајдаров, една приказна за (не)разбирањето меѓу мајката и синот, каде што метафорично се судираат минатото и сегашноста и босанскиот „Премногу материјал“ на Сајра Субашиќ, кој зборува за една девојка која се враќа во Босна, во градот во кој живееле нејзините родители.

Прочитајте и...  Директор на белградската Инфективна клиника: Сè потешки случаи на Ковид-19, пациентите остануваат долго на болничко лекување

„Срцето на Сараево“ за краток филм го освои српскиот филм „Последна слика за таткото“ на Стефан Ѓорѓевиќ, во кој игра и Силвија Стојановска. Победниците во оваа категорија од годинава се квалификуваат за разгледување за номинација за наградата „Оскар“. Во индустрискиот дел, продукцијата на „Сестри и брат Митевски“ повторно успеа да ја освои наградата на „Еуроимаж“ за развој на новиот проект на Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ во износ од 20.000 евра. А она што последните денови го одбележа фестивалот, беше доаѓањето на мексиканскиот актер Гаел Гарсија Бернал, кој одржа и мастеркласа, за која се бараше карта повеќе. Фестивалот се затвора денеска (23 август) со премиерата на филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ во отвореното летно кино, кое собира 4.000 посетители.

Прочитај повеќе

Серија инциденти пред Собранието на Србија во Белград (ВИДЕО)

МИА Агенција

Реакција на српската Демократска партија за протестите во Белград

Слободен печат

Демонстрантите ја нападнаа полицијата во Белград, употребен и солзавец

Слободен печат

Нови демонстрации во Србија, Парламентот го опколи жандармеријата (ВИДЕО)

Слободен печат

Вучиќ од Париз: Мислам дека конечно паднаа сите маски!

Слободен печат

Во светот денеска рекорден број новозаразени: СЗО признава дека не може да се искорени вирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ нуди изолација и враќање назад

Слободен печат

Стефановиќ: Брутални сцени на насилство, полицијата мора да реагира

МИА Агенција

Николоски: Мојот против кандидат е „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава

Слободен печат

Филипче: Ако делите барем дел од ентузијазмот, вербата и желбата што јас вечерва ја чувствувам, ние сме победници

Слободен печат

Заев: После поразот Мицкоски нема да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Мицкоски: Да ставиме крај на криминалот и разнебитувањето

Слободен печат