Мед од хелда: Го потхранува мозокот и го засилува имуниот систем

Instagram
printskrin insta

Кога зборуваме за мед, најчесто помислуваме на багремов, липов, ливадски и други видови мед, но никогаш нa некои понеобични видови како што е медот од хледа.

Медот од хелда иако кај нас е малку познат, е еден од најценетите медови производи, кој пчелите го прават од цветот на хледата, поради неговите лековити својства, кои се должат на неговиот состав. Во него има микроелементи како цинк, магнезиум, железо, калциум и фосфор, а содржи уште протеини, витамини, аминокиселини и минерали. Тоа го прави ценет пчелин производ, кој ги враќа силата и енергијата на телото и помага во работата на внатрешните органи.

Полезни својства

Овој вид мед е добар затоа што ги потхранува мозочните клетки и мускулите со фруктоза и гликоза, а тоа помага во нивната правилна функција. Има лековит ефект при заболувања на стомакот, срцето и кожата, благодарение на минералите кои ги содржи. Помага при заздравување на ретината на окото, како и рани на кожата. Идеален е за поддршка на имуниот систем и затоа се препорачува при инфективни заболувања. Добра профилакса е при анемија и хипертонија, затоа што ги потхранива крвните садови и ја збогатува крвта со микроелементи. Го прочистува организмот и ги регулира метаболитичките процеси. Тој е одличен баланс на киселината во стомакот и затоа е добра храна при проблеми со дигестивниот систем. Освен како хранлив производ се користи и
во козметологијата, освен за кожата, што веќе споменавме, добар е за потхранување на косата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bee Baltic – Raw Honey (@beebaltic)

Како да го разликувате

Медот од хелда се разликува прво по бојата. Тој е многу потемен, од другите видови мед, која може да биде од килибарно-жолта, до темно-кафеава. Кога е течен има боја на килибар. Вкусот е малку горчлив со пикантни кисели ноти. Побрзо кристализира од другите видови мед, а конзистенцијата му е густа, вискозна. Кога ќе го подигнете со лажица, тој од неа тече бавно надолу.

Недостатоци на медот од хелда

Овој мед не се препорачува за луѓе со алергии на пчелини производи, бидејќи е многу силен. Ако никогаш претходно не сте го консумирале, треба да почнете со мали порции и внимателно. Не е добар за дијабетичари, поради високото ниво на фруктоза. Не треба да се комбинира и консумира со други слатки јадења и не е препорачлив за деца под две години. Бремените жени можат да го консумираат, ако немаат алергија на пчелин мед. При редовна консумација на медот од хелда
тој на телото му обезбедува комплекс од корисни материи, така што не треба да се претерува. Ако сте љубители на слатки со мед, можете повремено да го користите во подготовка на десерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот