Мечот Вардар-Монпелје ќе се игра со ПРИСУСТВО на публика, но има препорака!

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана…

Македонскиот и европски шампион ги известува сите што купиле билети за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и Монпелје закажан за сабота (29 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ дека мечот ќе се игра со присуство на публика.

Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје.

Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот.

Македонската Влада не го суспендира спортот поради коронавирусот, но донесе препорака сите спортски настани предвидени за викендов да се одржат без присуство на навивачи.

Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”, безбедноста на натпреварот ќе биде во координација со други надлежни институции.

Ова е натпревар од последното 14. коло од групната фаза на ЛШ. Моментно на табелата Монпелје е на 4 место со 15 бода, еден помалку од Кјелце.

Традицијата е на страна на Вардар. Во досегашните осум натпревари, „црвено-црните” победиле на 6, еден дуел завршил нерешено а само еднаш загубија „црвено-црните“, и тоа во полуфиналето на Ф4 во Келн во 2018 година.

Во осминафиналето доколку Вардар го освои петтото место ќе го има за ривал Фленсбург и Алборг, а доколку е шестопласиран ќе се сретне со ПСЖ или Пик Сегед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот