Meчкин лук: Уникатно растение кое го намалува ризикот од артериосклероза и инфаркт
Сремуш, мечкин лук, див лук итн., се називи за оваа билка што кај нас е малку познато дека може да се консумира и е многу корисна. Но, мора да имате предвид дека постојат неколку билки што се слични со неа, а се отровни, па ако не сте доволно сигурни дека билката што ја берете е мечкин лук, подобро да не ја собирате.
View this post on Instagram
Уште во минатото мечкиниот лук се користел за лекување различни заболувања и како профилактично средство. Се нарекува уште „див лук“ затоа што е самоникнато растение, кое расте на високи планински места на надморска височина од 1100 метри.
Внимателно при берба
Ова растение е популарно во пролетните месеци, најмногу во април и мај, а во поладните места може да се сретне и на почетокот од јуни. Многу е важно добро да го познавате растението, ако решите сами да го берете, бидејќи листовите неверојатно наликуваат со оние од момина солза, а кои се отровни.
View this post on Instagram
Најлесен начин за препознавање е дека мечкиниот лук има карактеристичен мирис на лук. А друга разлика се цветовите, кои драстично се разликуваат. Овие кај момината солза се на една гранка повеќе бели цветови во форма на ѕвончиња и имаат убав мирис.
Инаку називот „мечкин лук“ го добила бидејќи најмногу го јадат мечките кога ќе се разбудат од долгиот зимски сон. На тој начин си го прочистуваат организмот од токсини и добиваат енергија.
Сите делови од мечкиниот лук можат да се јадат и се корисни за организмот. Листовите се многу вкусни и ароматични, како свежи така и готвени или сушени. Сето тоа зависи од вас како сакате да го јадете и како ви е највкусен.
Супер храна
Слободно може мечкиниот лук да се нарече супер храна, бидејќи е богат со различни витамини (А,Б, Б1, Б2, Б3, Б6), цинк, јод, калциум, железо, калиум и други. Исто така е богат со разни етерични масла, масти кои се корисни за организмот како и со аминокиселини.
View this post on Instagram
Дивиот лук има многу начини на употреба и голема корист за телото. Така, на пример, помага во прочистување на цревната флора, во борбата на организмот со болести на стомачно-цревниот тракт, прочистување од паразити и микроби. Тој има исклучително благопријатно дејство на работата на срцето, а помага и во намалување на холестеролот. Одличен ефект има и при подобрување на крвната слика, како и намалување на ризикот од артериосклероза или инфаркт.
Јадењето мечкин лук му помага на целото тело да се тонизира и да ја добие потребната енергија.
Што е најважно има голем удел во зајакнување на имунитетот, со што се намалува ризикот од настинки и различни респираторни заболувања. За да го користите ова благотворно растение можете да на правите свежи салати, крем – супи, омлет, да го додадете во печива, да направите песто, чорби и други јадења.