Мечката која влегува во куќите во шарпланинското село Бродец најверојатно ќе се дислоцира

Фото: Скриншот

Мечката која во неколку наврати ги преплаши жителите на Шарпланинското село Бродец влегувајќи во нивните куќи и имоти најверојатно ќе се дислоцира од тој дел на Шар Планина на некоја друга локација во земјава или пак во соседните земји.

Таква одлука донел Националниот парк Шар Планина по неколкуте состаноци со преставници на Секторот за внатрешни работи Тетово, невладини организации, здруженија како и мештаните од шарпланинските села.

„Во село Бродец една мечка се движи во селото, влегува во куќите, таа е со мали мечиња. За овој проблем имавме состаноци, пристуни беа општинските власти, СВР Тетово, граничната полиција, невладини организации , мештаните, преставници на Минситерството за земјоделство шумарство и водостопанство, така што одлучивме таа состојба да се прати. Добивме известување од полицијата за можниот ризик за луѓето, така што побарано е од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство таа мечка да се дислоцира. Сега ја чекаме одлуката“, рече Ибрахим Дехари директор на Националниот парк Шар Планина.

Последната евиденција говори дека на Шар Планина има вкупно 55 мечки. Дел од нив често пати слегуваат во населените места во потрага по храна. Таков е и случајот со мечката која практично и живее во село Бродец. Главната причина се дивите депонии кои ги има во атарот на ова село, велат од Националниот парк Шар Планина.

„Таа мечка е порасната во таа средина, сега таа е научена на тоа место, таа е израсната покрај депонии се движи низ депониите околу селото од каде и најчесто се храни. Морам да кажам дека во село Бродец не се собира отпадот редовно и затоа мечката, но и другите животни се движат покрај тие депонии. Процедурата каква ќе биде ќе видиме. Ние не сме имале ваков случај, сега чекаме само да ни дадат одобрение за дислокација, а после дополнително ќе одлучуваме кај ќе ја дислоцираме мечката дали во Македонија или пак во Косово или во Бугарија каде таму имаат и резервати за мечки, вели Ибрахими.

Инаку мечките веќе станаа постојани жители на шарпланинските села. На видеото подолу кое го обезбеди „Слободен печат “ пред околу три недели се гледа како мечка со мало мече се обидува да влезе во еден дом во шарпланинското село Бродец. Жителот на селото во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

Пред три месеци се реализираше успешна акција за спасување на мечок на вработените од НП Шар Планина и Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје.Во бачило на жител од шарпланинското село Бозовце, вработените ослободија мечок кој беше заглавен во сајла околу 10 часа. Мечокот беше изморен и исплашен, а по 3 часовна акција успешно ослободен.

Во селото Жировница убиени мечка и две мечиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот