Мечка нападнала човек во горнореканското село Бродец

Мечка
Мечка/илустрација фото: EPA-EFE/MYKOLA TYS

Мечка нападнала и повредила човек на возраст од 55 години во гостиварското село Бродец, пишува локалниот портал Гостивар Прес.

Немилиот настан се случил денеска околу 13 часот и 30 минути и е пријавен во полиција. Според извори на порталот, мечката се нафрлила врз човекот, го фатила за нога и го влечела, а се спасил благодарение на овчарски кучиња.

На нападнатиот, кој не бил од селото, му била укажана лекарска помош, пишува Гостивар Прес.

Планинското село Бродец се наоѓа на околу 35 километри од Гостивар, на надморска височина од околу 1.450 метри, во близина на изворот на реката Радика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот