Мечевите во Лигата на нации ќе се играат на неутрален терен?

Како што информира „Ројтерс“, поради пандемијата на коронавирус можно е првите натпревари од новата сезона во Лигата на нации да се играат на неутрален терен. Се очекува конечна одлука УЕФА да донесе пред финалето од Лигата на шампионите кое е закажано за 23 август.

Потсетување, македонската А репрезентација се наоѓа во групата 2 од Лигата „Ц“, според календарот на 5 септември сме домаќини на Ерменија на Арената „Тодор Проески“, а три дена подоцна гостување во Тбилиси кај Грузија. Но, како што е истакнато можно е поради ситуацијата со Ковид-19, истите мечеви да се играат на неутрален терен.

Како што информираше и Фудбалската федерација на Македонија пред една недела, на видео состанокот меѓу УЕФА и генералните секретари на 55 членки се разговараше за септемврискиот меѓународен прозорец и беа истакнати тешкотиите со кои националните селекции ќе треба да се соочат со истите ограничувања.

Прочитајте и...  Итна седница на Совет на безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Потребна е тесна соработка помеѓу сите тимови и УЕФА за да се обезбеди редовно одржување на сите натпревари. Во оваа фаза не може да се намали можноста за играње меѓународни натпревари на неутрални места.

фото: твитер

И УЕФА и националните асоцијации се свесни за важноста да им се дозволи на навивачите да се вратат на стадионите, ситуацијата во Европа е многу различна.

Од Европската фудбалска куќа инсистираат да се играат мечевите без публика, но постои притисок од некои земји каде што здравствената ситуација се подобрува да се дозволат ограничен број на гледачи на трибините.

Примери се Унгарија и Полска кои им дозволија на фановите да бидат присутни на стадионите, додека мал број на гледачи доаѓаат на натпреварите во Швајцарија и Франција.

Прочитајте и...  Ролан Гарос: Успешен старт на Надал и Серена Вилијамс

Прочитај повеќе

Металург по швајцарски „билет“ за влез во групите на Лига Европа!

Слободен печат

Сензација на „Ролан Гарос“: Ѓоковиќ со „полесен“ пат до финалето!

Слободен печат

Имаше шампионски амбиции во НБА лигата, но на крајот доби отказ!

Слободен печат

Тампа Беј по вторпат го освои Стенли купот (ВИДЕО)

Слободен печат

Ливерпул со пресврт го совлада Арсенал, Жота дебитираше со гол

Слободен печат

Корона криза во Серија А, дури 14 члена на тимот на Пандев се позитивни

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Проблеми за Премиер лигата, десет случаи на коронавирус

Слободен печат

Ансу Фати: Го живеам својот сон, играм со Меси

Слободен печат

Најдобриот косовски фудбалер ќе игра против Македонија, се опорави од коронавирусот

Слободен печат

„Граѓаните“ го известија Наполи дека се откажаа од Кулибали

Слободен печат

Ролан Гарос: Успешен старт на Надал и Серена Вилијамс

Слободен печат

Последен обид на Манчестер јунајтед да дојде до потписот со Џејдон Санчо

Слободен печат