Меч за шаховски шампион: Цел поен за трпеливиот Карлсен по историски маратон од 136 потези

Непомњашчи и Карлсен на мечот во Дубаи/Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Светскиот шампион Магнус Карлсен (рејтинг 2855) му одржа лекција по трпеливост и прецизност на рускиот предизвикувач Јан Непомњашчи (2782) и го принуди да се предаде по маратонски меч од седум часа и 136 потези.

По пет ремија во Дубаи, Карлсен го освои првиот цел поен во мечот за светски првак и сега има предност од 3,5-2,5.

Шестата партија стана историска, зашто Карлсен и Непомњашчи го соборија рекордот на Анатолиј Карпов и Виктор Корчној од 1978 година, кои одиграа 124 потези.

Партијата беше изедначена до средишницата, но Карлсен смело размени дама за два топа два пешака и потоа со трпелива и прецизна игра прво го заштити кралот и тргна незапирливо напред со двата слободни пешаци.

Непомњашчи утре може да возврати, водејќи ги белите фигури. За да му ја одземе титулата од Карлсен, мора да направи предност од два поена во преостанатите осум партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот