Меч кој вреди повеќе и од финалето во Лигата на шампионите

EPA/GERRY PENNY

Победникот од овој меч во Чемпионшип ќе биде побогат за 200 милиони евра и воедно ќе се пласира во Премиер лигата.

Астон Вила минатата година играше во финалето во кое загуби од Фулам, а Дерби предводен од тренерот Френк Лампард ќе се обиде да се врати во најсилната англиска фудбалска лига после 11 години.

Се проценува дека победникот ако ја преживее првата сезона во Премиер лигата во 2020. година ќе биде побогат за 400 милиони евра од ТВ правата и останатите приходи.

https://twitter.com/ATBStreams/status/1132924334421479424

– Ова не е нормален натпревар, го знаеме тоа и свесни сме – беа зборовите на менаџерот на Вила, Дин Смит.

Финалето во Чемпионшип е финансиски поголемо и од финалето во Лигата на шампионите. Така, Тотенхем и Ливерпул на 1 јуни во Мадрид играат за осум милиони евра, колку што е разликата меѓу освојувачот на ЛШ и поразениот во финалето.

Претходно пласман во Премиер лигата за наредната сезона обезбедија екипите на Норич и Шефилд Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот