Мец ги намачи „светците“, ПСЖ во судиското продолжение дојде до победата

ПСЖ во четвртата минута од судиското продолжение го постигна голот за победа/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Екипата на ПСЖ славеше со 1:2 на гостувањето кај Мец во рамки на седмото коло во Лига 1 и го задржа максималниот учинок. Но, „светците“ добро се намачија за да ги освојат трите бода бидејќи голот за победа го постигнаа во судиското продолжение.

Ашраф Хакими уште во петтата минута го отвори резултатот и тоа навестуваше катастрофа за домаќинот, но така не мислеа фудбалерите на Мец. Корнерот на Геје во 37 минута и правовремениот скок на Чичи Кујате помеѓу Маркињос и Данило донесе израмнување на резултатот.

До крајот на првиот тим, Мец можеше да и да поведе доколку Кејлор навас не интервенираше по шутот на Сар. ПСЖ сепак на крајот ги освои трите бода благодарение на вториот гол на Ашраф Хакими во 94 минута.

Олимпик Лион иако по првото полувреме губеше со 0:1, на крајот славеше со 3:1 во натпреварот против Троа. Гостите поведоа со голот на Шавалерин во 45 минута, но Лион со головите на Шаќири, Емерсон и Пакета дојде до победата.

Резултати:
Лил – Рем 2:1
Монако – Сент Етјен 3:1
Монтелје – Бордо 3:3
Нант – Брест 3:1
Рен – Клермон 6:0
Анжер – Марсеј 0:0
Ленс – Стразбур 0:1
Лориен – Ница 1:0
Лион – Троа 3:1
Мец – ПСЖ 1:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот