„Ме тераше да носам фустани од жена му“: Џенифер Анистон го нарече свиња сексуалниот предатор од Холивуд (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Харви Вајнстин (67) некогаш беше најмоќниот човек во светот на филмот, а последните неколку години е еден од најомразените. Причината за тоа се ужасните исповеди на жените кои со него доживеале болни искуства.

Листата на жени кои за него имаат само негативно мислење е голема. Меѓу нив се и Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу, кои го обвинија за сексуално злоставување.

Сега на ред дојде и Џенифер Анистон, која била исто така сексуално била вознемирувана од Вајнстин. Таа изјавила дека имала многу непријатно искуство со него.

Имено, Џеинфер со Харви соработувала во 2005 година на филмот „Фатално изневерување“, во кој таа ја имала главната улога.

Како што вели, Харви тогаш се обидел да ја присили да носи фустан од брендот „Marchesa“, која го основала неговата поранешна жена, модната дизајнерка Џорцина Чепмен.

– Точно се сеќавам кога Џорина ја исфрли својата нова линија на облека. Тогаш Харви дојде во Лондон каде снимав филм и ми кажа: „Сакам да носиш еден од тие фустани на премиерата на филмот. Мораш да ја носиш“ – раскажала Анистон.

Таа јасно му дала до знање на Харви дека не сака да носи фустан од неговата жена, бидејќи не и се допаѓал тој стил.

Џенифер доживеала уште една непријатна ситуација со Вајнстин, а тоа било за време на вечерата по повод премиерата.

– Седев на маса со продуцентот и колега од филмот, а друштво ни правеше еден мој пријател кој седеше веднаш до мене. Во еден момент се појави Харви и на мојот пријател му кажа да стане од масата. Пријателот стана, а до мене седна тој. Во тој момент помислив: О, мој Господе. Тоа беше баш свинско однесување – изјавила Џенифер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот