„Ме силуваше другар, молчев поради ова“: Српската модна креаторка проговори за траумата

Верица Ракочевиќ/Фото: Инстаграм

Познатата српска модна дизајнерка Верица Ракочевиќ доживаела травматично искуство на 18 години кога била силувана од познаник, а на тоа се сеќава и денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Со кревањето на гласот, таа сака да им помогне на жените кои поминале низ истата ситуација. Во последно време, многу дами го кренаа својот глас преку движењето #nisamprijavila и отворено зборуваа за раните од минатото, за насилниците и насилството што го доживеале, а Верица Ракочевиќ за тоа за „Магазинина“ вели:

– Тоа е многу незгодна тема. Приватно, имам свој став за ова и не би го изнесувала јавно. Моето травматично искуство ѝ го раскажав на Наташа Миљковиќ на РТС за да помогнам со совети и со личната животна приказна на едно 16-годишно девојче кое беше силувано од нејзин другар. Бев многу млада (18 години), имав строги родители, а сторителот на тоа дело не го пријавив. Подоцна мислев дека е бесмислено по десет години да започнам приказна која ништо добро нема да промени во мојот живот. Она што сега можам да го кажам е, пријавете веднаш, истиот момент и без разлика на тоа каков однос имате со вашите родители, тие се оние кои секогаш ќе ви бидат ваш ѕид на одбрана – рекла Ракочевиќ.

На прашањето која е нејзината порака до жените кои пријавиле насилство, а која до оние кои сè уште не го сториле тоа, Верица рекла:

„На оние кои пријавиле, немам што да им порачам, на оние кои не го направиле тоа, нека го направат веднаш без ден чекање.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Верица отсекогаш му пркосела на времето и живеела надвор од неговите рамки, како во професијата, така и во љубовта. Затоа ја открила тајната за тоа колку добро се снаоѓа на непознат терен.

– Се раѓате со сила и предодреденост да бидете различни. Кога сѐ уште со сите сили ја негувате таа предодреденост, тогаш тука нема големи тајни. Силата на умот, доследноста и истрајноста да бидите тоа што сте, без разлика што не се вклопувате во клишето – рекла дизајнерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Инаку, Верица Ракочевиќ има 74 години, изгледа помладо и посвежо дури и од двојно помладите жени.

Младоликата Верица веќе осум години е во брак со музичарот Вељко Кузманчевиќ, кој е 35 години помлад од неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот