„Ме опишуваат како пеперутка, но не сакам да одлетам од ова семејство…“: Објавени приватни писма од принцезата Дијана

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во јавноста протекоа приватни писма на принцезата Дијана, во кои таа напишала дека не сакала да се согласи на развод од сегашниот крал на Велика Британија, Чарлс Трети иако знаела дека „целата ситуацијата била грда и очајна“, објави Daily Mail.

Нејзините белешки наскоро треба да се најдат на аукција, со цена од неверојатни 90.000 фунти.

Принцезата Дијана со круната „Љубовен јазол“ / Фото: David Levenson / Shutterstock Editorial / Profimedia

Изолацијата, стравот од прислушкувањето на нејзиниот телефон, жалењето за разводот и критиките кон кралското семејство се некои од темите на 32-те писма и белешки напишани меѓу 1995 и 1996 година, а упатени до нејзините блиски пријатели Саси и Тарек Касем.

Семејството Касем решило да се ослободи од писмата затоа што чувствуваат дека „нвното задржување е голема одговорност што не сакаат да им ја пренесат на своите деца“, но ќе задржат некои од нивните подоверливи писма. Остатокот ќе се продава поединечно, а средствата ќе бидат донирани на хуманитарни организации кои биле поддржувани од принцезата.

Фотосесија на принцезата Дијана со синовите Вилијам и Хари
Фотосесија на принцезата Дијана со синовите Вилијам и Хари / Фото: Lord Snowdon / Shutterstock Editorial / Profimedia

Во едно од писмата, напишано на 28 август 1996 година, Дијана напишала дека откажала да оди на опера поради напнатоста и притисокот што ѝ се вршел од сите страни.

„Поминувам низ многу тешки моменти, а притисокот е сериозен и доаѓа од сите страни. Понекогаш ми е премногу тешко да ја држам главата горе, а денес сум на колена и само копнеам овој развод да заврши бидејќи цената е огромна“ – напишала пеинцезата во едно од писмата.

Фото: Профимедиа

На 20 мај 1996 година, Дијана ѝ напишала на Саси дека телефоните во палатата Кенсингтон биле прислушувани.

„Да знаев пред една година што ќе доживеам поминувајќи низ овој развод, никогаш немаше да се согласам на тоа. Толку е очајно и грдо“ – се вели во едно писмата.

Фото: Профимедиа

Во своите писма Дијана отворено ги напаѓала членовите на кралското семејство и откривала доверливи детали.

„Можеби ме опишуваа како пеперутка, но не сакам да одлетам од ова прекрасно семејство“, напиша Дијана на 2 декември 1995 година, само еден ден откако кралицата Елизабета ги советуваше неа и Чарлс да се разведат

принцеза дијана
Фото: Профимедиа

Семејството Касем, кое сè уште живее во Лондон, писмата ќе ги стави на продажба на 16 февруари преку аукционерите „Лејс“ во Пензанс. Досега има голем интерес за нив. Принцезата Дијана првпат ги запознала во август 1995 година за време на нејзините редовни посети на болницата Ројал Бромптон.

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

Детали од прославата на последниот роденден на принцезата Дијана: Американски милијардер ѝ се додворувал, бизнисмен сакал да се фрли од мостот

ФОТО+ВИДЕО | Соборува рекорди: Култниот фустан на принцезата Дијана продаден за 600.000 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот