Ме боли да го кажам ова ама Ливерпул имаше неверојатна сезона

twitter.com/FourFourTweet

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс признава дека најголемиот ривал на неговиот тим игра неверојатно во Премиер лигата.

Рајанг Гигс кој сега е селектор на Велс се надева дека неговата репрезентација може да „купи“ некои делови од играта која Јирген Клоп да внесе во Ливерпул.

„Црвените“ се на чекор до освојување на титулата во Премиер лигата каде досега имаат само еден пораз и две ремија, а кога ќе продолжи сезоната им се потребни само шест бода за да заврши 30-годишниот пост.

Гигс иако е легенда на Манчестер јунајтед, вели дека не може а да не признае дека играта со Ливерпул по доаѓањето на Јирген Клоп на клупата е инспиративна.

фото/твитер

– Мислам дека тоа што го видовме од Ливерпул оваа сезона е оти станува збор за неверојатен тим кој го води одличен тренер како Јирген Клоп. Како навивач на Јунајтед ме боли да го кажам ова, но навистина тие имаат фантастична сезона.

Сезоната ќе продолжи и тие ќе ја освојат титулата која целосно ја заслужија. Тие немаа само една туку две брилијантни сезони, во ланската го притискаа Манчестер сити до последното коло. Навистина се неверојатен тим за гледање. Има неколку работи кои ги презедов од Ливерпул и сакам да ги вметнам во играта на Велс – вели Гигс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот