МД „Илинден” со осуда на изјавата на Захариева за „бугарските корени на македонската нација”: Недолична и несоодветна

МД Илинден Тирана/Фото: МИА

Македонското друштво „Илинден”-Тирана ја осудува изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева дека „Бугарија е подготвена да ја потврди сегашната реалност, но Северна Македонија треба да ја признае историската вистина – „бугарските корени на македонската нација”.

– Македонците во Албанија ја осудуваат изјавата на министерката Захариева и ја сметаат за несоодветна и недолична. Недозволливо е висок државен функционер, како министер за надворешни работи, да ја злоупотребува позицијата за потценување на Македонците и на Македонија. Во истоврме најостро ја осудуваме злоупотребата на правото на вето на Бугарија во Европската Унија, стои во реакцијата на друштвото „Илинден”.

Исто така се осудува денационализаторската мисија на Бугарија во обидот Македонците да ги прикаже како Бугари.

– Точно тоа, преку своето членство во ЕУ, Бугарија го користи со последната изјава на министерката за надворешни работи, Захариева која кажа една историска лага. Со оглед на тоа дека Европската Унија се декларира како демократски сојуз на држави, македонското друштво „Илинден”-Тирана во име на Македонците во Албанија бара од европските институции да им наложат на бугарските власти да се однесуват европски, се наведува во реакцијата на МД„Илинден”Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот