МД „Илинден” бара од Владата на Рама формирање општини Голо Брдо и Гора

Формирање две општини, Голо Брдо и Гора, населени главно со Македонци, бара од албанската Влада македонското друштво „Илинден”, огранок за Голо Брдо.

Тоа, како што оценуваат од „Илинден”, се бара бидејќи новата територијална поделба, која почна да функцонира пред пет години, се покажа како нефункционала, неуспешна и несоодветна и со никакви можности за напредок.

-Се потврди она за што ние апелиравме убедени дека териториалната поделба во Албанија што се направи во 2014 година нема да донесе просперитет за Голо Брдо и Гора. Изминаа пет години, а состојбата во двете области не што не е подобрена, туку е влошена. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во областите Голо Брдо и Гора, туку го отежнаа животот на жителите. Тие само за еден извод или било каква потврда треба да патуваат два часа, а да не говориме за други катадневни неоходности, оценува друштвото.

Поради тоа, се бара од Владата на Република Албанија и министерот за локална самоуправа да форимираат две посебни општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора.

-Македонците од областите Голо Брдо и Гора, друштвото „Илинден”, другите нивни асоциации, како и партијата МАЕИ пред донесувањето на Законот за територијлна поделба предупредија дека спојувањето на општините претставува чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора, стои во соопштението, потпшано од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и Или Халилај, претседател на огранокот за Голо Брдо.

Поткрепено со аргументи пред пет години се бараше областа Голо Брдо со 22 и Гора со 11 населени места да се формираат како општини, но предлогот не беше прифатен, па дел од селата на Голо Брдо припадна кон општина Булќиза, а дел кон Елбасан, додека селата од Гора кон Кукс.

До тогаш во Голо Брдо функцонираа три општински локални единици,Требишта, Острени и Стеблево, со над 13.000 жители. Во Гора функционираа две општини Шиштавец и Запот, со над 10.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот