МД „Илинден” бара од албанската Влада финансиска подршка за граѓанските организации

МД Илинден Тирана/Фото: МИА

Барањето го пренесуваат и дел од албанските медиуми,постирајќи фотографија на која се македонското и албанското знаме.

Македонското друштво „Илинден”-Тирана побара во економските мерки на Владата на премиерот Еди Рама, за ублажување на последиците од од пандемијата со Ковид-19, да бидат опфатени и граѓанските организации, по примерот на македонската влада.

Исто така се бара и ослободување од плаќање локални даноци и други давачки.

Во писмото доставено до Комитетот на експерти за справување со Ковид-19, кое доставува предлози до владата, друштвото наведува дека,се наоѓа во финансиски потешкотии поради пандемија и бара од Комитетот на експерти во Министерството за здравство да го разгледа ова барање .

„Македонско друштво „Илинден”-Тирана бара од Министерството за здравство и социјална заштита и Техничкиот комитет на експерти за мерки против Ковид-19 да ги вклучат и граѓанските асоцијации во економски пакети на Владата и ослободување од плаќање на локалните даноци, бидејќи како резултат на пандемијата граѓанските организации имаат финансиски проблеми. Во врска со горенаведеното, бараме разгледување на ова барање на првиот состанок на техничкиот комитет на експерти и очекуваме разбирање и позитивен одговор, стои во барањето на „Илинден”.

Барањето го пренесуваат и дел од албанските медиуми,постирајќи фотографија на која се македонското и албанското знаме.

Медиумите уште додаваат дека на македонско друштво „Илинден”-Тирана и органокот во Требиште, Голо Борд главната мисија е заштита на етничкиот, културниот, верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зачувувањето на јазикот и образованието на мајчин јазик на македонското малцинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот