Мбапе знае каде ќе игра во иднина – Слободен печат
СпортФудбал

Мбапе знае каде ќе игра во иднина

Младиот француски репрезентативец  нема намера да биде дел од ПСЖ до 2022 година.

Килијан Мбапе има договор со францускиот шампион до 2022 година, но директорот Леонардо неодамна изјави дека не може да гарантира дека ќе го задржи одличниот напаѓач доколку не сака да потпише нов договор.

Обидите за преговори за новиот договор беа прекинати уште на првата средбат, бидејќи Мбапе одби да разговара  со што покажа дека неговите планови не се да остане во ПСЖ.

Како главен фаворит за споменуваше Реал Мадрид кого го одби при заминувањето во Монако, тој тогаш ја прифати понудата на ПСЖ наместо на шпанскиот тим.

Сега според француските медиуми, желбата на Мбапе е да работи со Пеп Гвардиола. Младиот француски репрезентативец смета дека највеќе би напредувал под водство на Шпанецот кој сигурно во наредните две години ќе го предводи Манчестер сити. Договорот на Гвардиола со Манчестер сити му истекува 2021 година, но евентуалното доаѓање на Мбапе сигурно би го натерало да размисли за продолжување на соработката со „граѓаните“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close