Мбапе, одлучи се, најскапиот или најплатениот на светот?

twitter.com/Socia1RMadrid

Реал е подготвен да одвои големи пари, веројатно за светски рекорд, но нема да брза. Доколку не го продолжи договорот, тој во лето 2021 година пред истекот на обврските би можел да биде значително поевтин, околу 100 милиони…

Мбапе има желба да игра за еден од најголемите клубови во светот, но нема да преговара зад грбот на ПСЖ. Веќе ги информираа дека имаат намера да го почитуваат кодексот и развивањето на одлични односи кои ги имаат со парискиот клуб.

Чекаат на Мбапе самиот да одлучи, кој ќе се соочи со изборот дали да биде најскапиот или најплатениот играч на планетата.

Во првиот случај би можел да добие повеќе од 20 милиони од Реал, но од ПСЖ наводно подготвиле понуда која тешко ќе се одбие.

На неговиот татко, кој придонесе за трансферот на фудбалерот од Монако во Париз, му беше презентирана усмената понуда, продолжението на договорот и платата со бонуси од околу 50 милиони евра годишно.

Меси има нешто повеќе од 40, Нејмар 35, Роналдо 30, ПСЖ најверојатно нема да се откаже така лесно од најталентираниот фудбалер на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот