Мбапе: Одиме во Катар да ја одбраниме титулата

Килијан Мбапе е првиот фудбалер по Жист Фонтен кој постигнал четири гола за Франција на еден натпревар/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Селекцијата на Франција со убедливата победа над Казахстан од 8:0 го завери учеството на Мундијалот во Катар каде ќе ја брани титулата освоена на СП во Русија 2018 година.

Напаѓачот на „триколорите“ Килијан Мбапе кој во вчерашниот триумф постигна четири гола, вели дека Франција оди во Катар да ја одбрани титулата.

– Најважно е што се пласиравме на СП во Катар. Многумина кои сега се во репрезентацијата никогаш не играле на Светско првенство, а дури и тие кои играле, сонуваат за тоа да заиграат по втор пат. Публиката се забавуваше на трибините, а забавно ни беше и нас. Имавме голем респект кон противикот и токму поради тоа постигнавме толку голови – изјави Мбапе.

Напаѓачот на ПСЖ стана првиот фудбалер по пауза од 64 години  кој постигнал четири гола на еден натпревар. Последен на кого му успеало тоа е легендарниот Жист Фонтен.

– Во последно време работам на тоа да ја подобрам играта со глава бидејќи не сум баш најдобар во тоа. Има подобрување и гледам дека сум се поблиску до она ниво на кое сакам да бидам. Речиси сите не прашуваат за амбициите на СП во Катар, ние одиме таму да ја одбраниме титулата – изјави Мбапе.

Франција е на чело на табелата во групата Д со 15 бодови, четири повеќе од второпласираната Финска на која и гостуваат во последното коло од квалификациите, а шест повеќе од третопласираната Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот