Мбапе на врвот, кои се најбрзите 10 фудбалери на планетата?

фото: твитер

Големата желба на Реал Мадрид, францускиот репрезентативец и член на париските „светци“ беше „фатен“ како трча со брзина од 36 км/час.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ направи листа на најбрзи фудбалери во светот, а на првото место е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Членот на париските „светци“ беше „фатен“ како трча со брзина од 36 км на час.

Ова можеби и не е изненадување, со оглед на тоа што тешко е да запрете овој фантастичен начин кој скоро секојдневно се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Зад него на оваа листа е фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, кој се најде на второто место со максимална брзина од 35,7 км на час.

Третото место му припадна на капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг (35,5 км/час), четвртопласиран е Карим Белараби од Леверкузен (35,27 км/час).

Следуваат двајца играчи на Манчестер сити, Кајл Вокер (35,21 км/час) и Лирој Сане (35,04 км/час), а на седмата позиција е Мохамед Салах од Ливерпул (35 км/час).

Истата брзина е забележана и кај Кингсли Коман од Баерн, додека „десетката“ ја комплетираат двајца играчи на Реал, Алваро Одриозола (34,99 км/час) и Начо Фернандез (34,62 км/час).

Моментно најбрзиот фудбалер на светот е далеку од најбрзиот човек на планетата, атлетичарот Усеин Болт кој достигна брзина од 44,72 км на час кога го постави светскиот рекорд на 100 метри (9,58 секунди).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот