Мбапе конечната одлука за идниот клуб ќе ја донесе откако ќе ја освои титулата во Лига 1

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Килијан Мбапе откако ќе ја освои титулата со ПСЖ во Лига 1 самиот ќе каже каде ќе ја продолжи кариерата, тврди тренерот на „светците“, Маурисио Покетино.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а многумина очекуваат дека на лето дресот на „светците“ ќе го замени со дрес на Реал.

ПСЖ исто така не се откажува од Мбапе и се обидува да го убеди да остане на „Паркот на принцевите“ и по летото со најголемата плата во фудбалот. ПСЖ на одличниот напаѓач му дава плата од 150 милиони евра за две години.

Покетино вели дека Мбапе конечната одлука ќе ја донесе откако ПСЖ ќе ја освои титулата, а тоа може да се случи уште вечерва доколку биде совладан Ленс.

– Како тренер, можам да кажам дека оваа ситуација не влијае на мене. Ова не се случува само во ПСЖ, туку и во другите клубови. Ова не е прв ниту последен пат да зборуваме за тоа. Секако дека би сакал Килијан да остане со нас. И клубот би сакал тој да остане тука уште многу години. Одлуката би можел да ја донесе веднаш штом ќе се освои титулата и ќе заврши сезоната – вели Покетино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот