Мбапе има четири фаворити за триумф во Лигата на шампионите

Килијан Мбапе/twitter/bleacherreport

Одличниот француски напаѓач мисли дека неговиот тим не е меѓу главните конкуренти за титулата.

Францускиот шампион ПСЖ и оваа сезона како главна цел ја има освојувањето на титулата во Лигата на шампионите, откако во последните години откако газди се катарските шеици, најголемо достигнување е пласман во четвртфиналето.

За ПСЖ во последните неколку години како непремоствлива пречка се покажаа екипи како Барселона, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, иако во францускиот тим играат ѕвезди како Мбапе, Нејмар, Анхел ди Мариа.

Фантастичниот француски репрезентативец Килијан Мбапе, смета дека неговиот ПСЖ не е меѓу главните фаворити за титулата во ЛШ.

– Оваа сезона покрај стандардните фаворити за титулата Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул, го гледам и Јувентус. Тие со Роналдо го добија елементот кој им недостасуваше за да прават разлика на теренот, а под водство на Маурицио Сари играат убав фудбал – вели Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот