Мбапе го состави најдобриот тим на сите времиња и ги воодушеви читателите на „Марка“

Килијан Мбапе пред завршна одлука, летово во Реал Мадрид или не/Фото: EPA-EFE/Julien de Rosa

На читателите на „Марка“ најмногу им се допаѓа идеалниот тим кој го состави напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Францускиот репрезентативец состави крајно офанзивен тим од идеалните 11 фудбалери: Џанлуиџи Буфон, Кафу, Серхио Рамос, Паоло Малдини, РОберто Карлос, Зинедин Зидан, РОналдињо, Нејмар, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Роналдо.

Изборот на Мбапе најмногу им се допадна на читателите на шпанскиот спортски весник, а веднаш зад изборот на Французинот по бројот на гласови беше идеалниот тим кој го состави легендарниот бразилски напаѓач, Роналдо.

Додека изборот на Мбапе го сочинуваа фудбалери кои играле во последните 20-30 години, во тимот на Роналдо се наоѓаат имиња од средината на 1970-тите години, а од актуелните играчи има место само за Меси.

Во тимот на Роналдо се најдоа имињата на: Ирибар, Малдини, Бекенбауер, Кафу, Чави, Марадона, Кројф, Зидсан, Пеле, Меси и Ди Стефано.

На третото место по бројот на гласови се најде тимот кој го состави Ерик Кантона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот