Мбапе еден месец ќе паузира од фудбалот

фото:ПСЖ

Францускиот шампион не дозволи кикс во второто коло од Лига 1, и со 4:0 го прегази Тулуз, но скапо ја плати победата. Тренерот Томас Тухел остана без двајцата напаѓачи, Единсон Кавани и Килијан Мбапе кои се здобија со идентична повреда, на бутниот мускул на ногата.

Полошо помина, Мбапе кај кого е утврдено кинење на мускулот, повреда која бара најмалку еден месец пауза од фудбалските терени. Ова значи дека Мбапе ќе пропушти најмалку четири средби од домашното првенство, против Мец, Стразбур, Лион и Ремс, премиерниот меч на „светците“ од Лигата на шампионите, како и двете септемвриски средби на француската репрезентација, против Албанија и Андора.

Кај Кавани состојбата е нешто подобра, па лекарите предвидуваат пауза од околу 20 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот