Мбапе: Доколку го продолжам договорот, ќе останам уште многу години во Париз

Мбапе ја одби најновата понуда на ПСЖ која ќе го направеше најдоброплатен фудбалер на светот/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Има договор со ПСЖ до 30 јуни 2022 година, моментно според „Трансфермаркт“ вреди 180 милиони евра и е голема желба на Реал Мадрид..

Синоќа париските „светци“ на домашен терен убедливо славеа против Монпеље (4:0), а Килијан Мбапе придонесе во 14 победа сезонава во „Лига 1“ со два голови, воедно запиша и една асистенција.

Веќе долго се шпекулира дека 22-годишниот напаѓач би можел во иднина да го облече дресот на Реал, не е ниту тајна дека францускиот репрезентативец има симпатии кон „кралскиот“ клуб, но парижаните даваат сè од себе да го задржат својот играч.

Ќе се обидат со евентуален нов договор, за кој веќе се преговара, а тоа го призна и Мбапе после мечот со Монпеље.

– Разговарам со клубот околу новиот проект. Размислувам доста за тоа, доколку потпишам нов договор, ќе останам уште долго во Париз – рече францускиот голгетер.

Мбапе вели дека е навистина среќен во клубот, но наскоро ќе мора да донесе важна одлука.

– Отсекогаш сум бил среќен, секогаш ќе му бидам благодарен на овој клуб. Но, сега сакам размислам добро што сакам и каде сакам да бидам во наредните години. Не сакам да „купам време“, не сакам да потпишам договор и да заминам по една година. Не! Доколку потпишам, тогаш треба да бидам таму, а тоа бара добро размислување – додаде Мбапе кој со ПСЖ има три титули во француското првенство, а лани беше финалист во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот