Мбапе без возачка дозвола, а во гаражата има „Ауди“ и „Ферари“!

twitter.com/sandraparragame

Килијан Мбапе (21) купи „Ферари 458“ и „Ауди Р8“, кои, засега, ги возат неговите лични возачи.

Еден од најдобрите играчи на францускиот шампион, и натаму нема возачка дозвола, а поседува два автомобили во вредност од 800.000 евра.

Килијан Мбапе (21) купи „Ферари 458“ и „Ауди Р8“, кои, засега, ги возат неговите лични возачи.

Според италијанските и француските медиуми, и мајката на Мбапе често е зад воланот на овие автомобили.

Светскиот шампион немаше време да го заврши возачкиот испит, но планира да го стори тоа до средината на јули.

Еден од најдобрите светски напаѓачи, голема желба на врвните европски клубови, со париските „светци“ успеа трипати да ја освои „Лига 1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот