Мазневска: Ќе се чистат и затвораат нестандарните депонии во 18 општини од истокот и североистокот

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Седумдесет диви депонии и  седум општински, кои се на ниво на ѓубришта во источниот и североисточниот регион ќе се чистат и затвараат. Министерството за животна средина ги заврши тендерските постапки за оваа фаза од проектот изградба на првата регионална фабрика за отпад во земјава.

Ана Мазневска од Министерството за животна средина вели дека избрани се изведувачите и надзорот, кои се очекува со работа на терен да почнат од овој месец. Осумнаесетте општини од истопчниот и североисточниот регион ќе добијат и специјализирани контејнери, а претходно им беа доделени и камионите за носење на отпадот.

-Пристигнати се контејнерите, следува нивното монтирање по што ќе бидат диструбиурани до општините, вели Мазневска.

Околу 4.000 контејнери треба да бидат доставени до 18 општини, кои се вклучени во реализацијата на долгогодишниот проект за изградба на првата современа фабрика за отпад во земјава. Мазневска за МИА вели дека доставен е и проектот за изградба на современиот систем за управување со отпад за двата региони. Таа е оптимист дека од Брисел наскоро ќе пристигне позитивниот одговор. Забележува дека се работи за голем проект, во кој детално треба да се одговори на сите прашања, кои ги бара Европската унија.

Новото регионално комунално претпријатие „Еко Исток-Североисток” е впишано во Централниот регистер, а е со седиште во Свети Николе, бидејќи фабриката за отпад ќе се гради во близина на светиниколското село Мечкуевци. Општините мора да депионираат и паричен влог во него, согласно бројот на жителите. Проектов се реализира над десет години, направен е согласно барањата и критериумите на Евроспката унија, неговата комплетна реализација ќе чини околу 40 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот