Мазнева: Со зголемувањето на колективната свест ќе се намали употребата на пластични ќеси

Развивањето на колективната свест е клучниот сегмент за намалување на употребата на пластичните ќеси, но секако измените во Законот за управување со отпад и во согласност со Законот за прекршоци ќе биде предвидена и казнена политика, вели во емисијата „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“, Ана Мазнева, раководител при секторот за управување со отпад во МЖСПП.

Ако се усвојат измените, од 1 јануари 2021 година кесите во Македонија ќе чинат 10 денари.

Но дека е прашање на свеста, Мазнева посочува на примерите во Европската Унија, конкретно во Велика Британија каде пластичните кеси чинат и помалку во однос на животниот стандард во Македонија, а граѓаните сепак ги одбиваат.

-Се води суштинска дебата. Секоја забрана или прекин ќе има ефект врз одредена бизнис група. Но затоа и законите не се во ефект веднаш, им се дава период на прилагодување, за да може и бизнисот да се прилагоди за нови производи кои ќе бидат еколошки прифатливи. Секако дека се предвидени и казнени одредби. Имаме забелешки (во Законот) се уште. Тие се врзани со Законот за прекршоци- вели Мазнева.

Годишно на пазарот во Македонија се пуштаат меѓу 120 и 150 милиони пластични ќеси кои завршуваат како отпад. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу.

Се проценува дека на светско ниво се користат од една до пет милијарди пластични ќеси годишно. Или визуелно тоа би било површина поголема од една Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот