„Мажите не треба да се соблекуваат голи и да го подигнуваат рејтингот“: Мајли Сајрус се побуни против сексистичкиот коментар на директорот на MTV

Instagram
Instagram

Пејачката Мајли Сајрус јавно се побуни против сексистичкиот коментар кој директорот на MTV ѝ го упатил во текот на неодамнешниот настап.

„Барав да ги исклучат таканаречените „бјути светла“, бидејќи никогаш не би се вклучиле доколку настапува некој маж. Не се работи ни за тоа, едноставно не ми беа потребни затоа што не го замислував така мојот настап. Директорот на MTV тогаш ми рече дека ќе ме третира како маж“, изјави Мајли за „Joe Rogan Experience“.

Потоа пејачката во текот на настапот имала мала незгода и сакала да почне со настапот од почеток, а тогаш дошло до конфликт меѓу неа и директорот.

„Се изнервирав зашто алките ми се заплеткаа во костимот и ми беше тешко да се движам, затоа сакав да повториме, а директорот ми рече дека такво нешто никогаш не би му се случило на маж и дека ако сакам да ме третираат како маж, тогаш мора да го прават тоа цело време, а не само кога мене ми одговара“, рече пејачката.

Instagram

Мајли му одговорила во свој стил.

Маж никогаш не би имал ваков настап затоа што не е должен да се соблекува гол и да го подигнува рејтингот на вашата програма“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот